БЕКТЕШИ ТЕРА ИНAET СО РУСИТЕ: Власта немало да потпаѓа под еконосмки пpитиcoк, декларациите ќе останат со она на ,,С”

  • March 18, 2019

Русија во повеќе наврати наведе дека нема да ја промени одлуката за признавање на Македонија, под уставното име под кое веќе не има признаено ,,Република Македонија”. Нелегалната промена на името, спротивно на волјата на граѓаните направи проблеми во трговската размена која Македонија ја има со Руската Федерација, поради променетите делкарации со ,,С” Македонија која Русија не ги прифаќа како важечки. Поради овие декларации, голем број на македонски камиони, полни со македонски производи не можат да извезуваат во Русија.

Сето ова го коментираше министерот за економија Крешник Бектеши за Лајм.тв истакнувајќи дека Македонија сака да има добри економски односи со сите држави, но дека нема да попушти на еконосмкиот пpитиcoк на Русија. Со други зборови декларациите за стоката која се извезува во Русија и натаму ќе бидат со новата декларација, што значи дека македонските произведители нема да можат да извезуваат во Русија.

Претходно «
Следно »