БЕЛАТА КУЌА ВО ОДБРАНА НА ОДЛУКАТА НА ТРАМП: Одлуката за вонредна состојба е во функција на одбрана на границите!

  • February 18, 2019

Вишиот советник во Белата куќа, Стивен Милер во изјава за телевизијата „Фокс Њуз“ истакна дека претседателот „избрал да не ја игнорира кризата“.

Белата куќа застана во одбрана на претседателот Доналд Трамп за прогласувањето вoнреднa состојба на границата кон Мексико. Во исто време повеќето сојузни држави најавија правни постапки против оваа одлука, додека демократите во Конгресот планираат да се изјаснат негативно за постапката на претседателот.

Вишиот советник во Белата куќа, Стивен Милер во изјава за телевизијата „Фокс Њуз“ истакна дека претседателот „избрал да не ја игнорира кризата“. Тој додаде дека постапката на Трамп е за одбрана на границата од имиграцијата што ја нарече закана за земјата.

Како што истакна Милер, одлуката на Трамп е врз основа на легислатива од 1976 година со која му се дава право на претседателот да донесе таква одлука.

Трамп прогласи вонредна состојба во петокот, откако Конгресот го одби неговото барање за сума од 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот долж границата со Месико.

Наместо таа сума Конгресот одобри 1,3 милијарди долари за ограда со вкупна должина од 90 километри, од вкупните 3.200 километри погранична линија кон Мексико.

Плановите на Трамп се да собере повеќе од осум милијарди долари од други владини фондови, а кои би биле пренасочени за изградба на ѕидот. Сепак, бројните правни постапки што се најавуваат може да го спречат пренасочувањето на парите.

Претходно «
Следно »