October 24, 2021, 7:24 am

“Бела ноќ” утре во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопје и скопјани ќе имаат можност повторно да бидат дел од едно уникатно културно доживување, на веќе традиционалната „Бела ноќ“.

Многубројните уметници што ќе им се претстават на граѓаните со концерти, изложби, кинопроекции и други културни перформанси на 13 локации ќе го претворат Скопје во центар на културните случувања во државата.

Поради состојбата со пандемијата на ковид-19, „Бела ноќ“ и годинава, како и минатата година, се одржува една недела порано од предвиденото.

Официјалната програма на „Бела ноќ“ ќе започне утре, 25 септември, во 19:00 часот и ќе трае до полноќ, а поради состојбата со коронавирусот, работното време на локалите ќе остане исто, односно нема да работат во текот на целата ноќ.

Сите настани ќе се одвиваат според протоколите предвидени од Министерството за здравство, на сите локации ќе биде поставена редарска служба и при влез во локацијата посетителите ќе треба да покажат потврда за вакцинација.

Повеќе детали за програмата може да најдете на следниот линк: https://www.belanok.com/home

Latest News

Дневен хopocкoп зa 24 oктoмвpи – eвe штo вe oчeкyвa дeнec

Овен Ако вашaтa работа е поврзана со странство на кој било начин, ќе имате можност да склучите добра зделка и...

More Articles Like This