БЕЛОРУСИЈА СПРЕМНА ДА ГО БРАНИ ЗАПАДНИОТ ФРОНТ: Се позивесен судирот помеѓу Русија и Западот – на чија страна ќе биде Македонија?

  • October 7, 2016

„Ние заедно со рускиот народ ќе ја штитиме нашата татковина на важниот западен фронт. Ние овде ќе гинеме, штитејќи ја Белорусија и Русија“, изјави Лукашенко

lukashenko_putin

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Русијаможе да смта на помота на белоруската армија на западниот фронт. Тој тоа го ијзави денес на 7-ми октомври, на состанокот со пратениците од парламентот, пренесува Lenta.ru.

„Ние заедно со рускиот народ, со руските граѓани, ќе ја штитиме нашата заедничка таковина на ништо помалку важниот западен фронт. Ние тука ќе гинеме, штитејќи ја Белорусија и Русија“, изјавил Лукашенко.
Тој додава дека белоруската армија е опремена со најсовремено вооружување и дека е способна да пружи отпор на секој агресор.
„Но, вие треба да знаете дека се ова што го говорам е усмерено на тоа да не се случи војна. Ние нема да ѕвецкаме со оружјето за да испаднеме храбри. Постои поважна задача: да го сочуваме мирот, да им овозможиме на луѓето да живеат мирно, да работат и да одгледуваат деца“, изјавил Лукашенко.

Во мај Белорусија од Русија го доби четвртиот дивизионен противавионски ракетен систем С-300ПС. Според зборовите на командантот на силите на воздухопловството и противвоздушната одбрана на Русија Олег Двигаљев, дивизионата техника која преминала од составот на Министерството за одбрана на Русија, поминала низ капитален ремонт со гаранција од шест до седум години. Испораката на вооружувањто се реализира во рамки на програмата за развој на единствен регионален систем на противвоздушна одбрана.

Москва и Минск во 1998 година ратификуваа договор за заедничка регионална безбедност во воената сфера и осноаа Регионална воена формација. Во нејзиниот состав влегуваат Вооружените сили на Белорусија и 20.армија на Западниот воен округ на вооружените сили на Русија. Органите на командата и воените единици на двете земји треба да дејствуваат според заедничката цел и план.

Претходно «
Следно »