October 25, 2021, 7:17 am

Белоруската oпoзициcкa лидepка Тихaнoвскa ги зaмoли САД дa пoмoгнaт вo пpoдeмoкpaтcкoтo движeњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановска, денеска се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со други високи лица од администрацијата. Во текот на посетата на Вашингтон таа ги повика САД да испратат повеќе помош за продемократското движење во Белорусија.

Во текот на денешниот брифинг за новинарите, Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа, накратко кажа за посетата на Тихановскаја.

-НИЕ ГИ СРЕДУВАМЕ ДЕТАЛИТЕ ЗА НЕЈЗИНАТА ПОСЕТА. ТАА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ОФИЦИЈАЛНИ ЛИЦА ОД БЕЛАТА КУЌА. НО НЕ БИ КАЖАЛА ДЕКА ТОА ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ИЗЈАВИ ПСАКИ.

Подоцна, Тихановска се сретна со Блинкен и со неговата заменичка Викторија Нуланд, како и со советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле.

Во текот на средбата, Тихановска ги повика САД да усвојат вонредна помош за белоруските независни медиуми, Јутјуб проектите, Телеграм каналите, новинарските истражувања како и поголема помош за граѓанското општество, репресираните во приватниот бизнис на Белорусија, политичките затвореници и нивните семејства.

Покрај тоа, Тихановска го повика Вашингтон да испрати сигнал на Русија дека потпишаните договори со режимот на Лукашенко нема да имаат правна сила и дека ќе бидат анулирани.

Слични барања таа изнесе и на интервјуто за Си-Ен-Ен.

-САД ИМААТ МОРАЛНО ОБВРСКА ДА БИДАТ СО НАС. ГИ МОЛАМ САД ДА ПОМОГНАТ ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ДА ПРЕЖИВЕЕ, ИЗЈАВИ ТАА.

Висок претставник на Администрацијата изјави дека САД ја поддржуваат Тихановска и народот на Белорусија и „продолжуваат да ги поддржуваат нивните демократски стремежи“.

Latest News

Управниот cyд ја прифати жaлбaтa на АА и Алтернатива, ќе се прегласува во Дебар

-Управниот суд ја прифати жалбата на Алијанса за Албанците и Алтернатива за резултатите од гласањето по листите за кандидатите...

More Articles Like This