БЕНЗИНИТЕ ПОЕФТИНУВААТ ОД ПОЛНОЌ: Дизелот се намалува за 3, бензините за 2.5 денари!

  • January 8, 2019

Регулаторната Комисија за Енергетика ги намали цените за 2.5 односно 3 денари!

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 5.51 проценти. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 2.5 денари, па еден литар од овие горива ќе чини 58.50, односно 60.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 55 денари.

Новата цена на бензините стапува од полноќ и ќе ваќи за две седмици.

Претходно «
Следно »