БЕНЗИНСКИТЕ САМИ ЌЕ ГИ УТВРДУВААТ ЦЕНИТЕ: Од вторник бензинските сами ќе можат да одредуваат цени на горивата!

  • May 9, 2019

Од вторник бензиските сами ќе можат да ги утврдуваат цените на горивата. Старата методологија на пресметка истекува денеска со завршувањето на купопродажниот договор со Окта.

Но новата регулатива по која во идина тие ќе треба да се пресемтуваат сеуште не е донесена затоа што измените во заkонот за енерегeтика со кој таа треба да стапи на сила не се потпишани од претседателот на државата. Од регулаторна велат иако во следните денови измените може да добијат потпис, додека да стапи на cила новата методологија се јавува простор од неколку дена кој од РКЕ се надеваат дека трговците нема да го искористат и да ги зголемат цените на горивата.

Новата методологија е речиси целосно готова. Извесно е дека со новата регулатива во цената на горивата ќе се пресемтуваат повисоки трошоци за обeзбедување поголеми количини нафтени деривати, а ќе почне да им се плаќа и на приватните компании за транспорт и складирање на резервите. Но сеуште се преговара околу маржата. Трговците побараа од регулаторна таа наместо сегашните 3,2 да изнесува 6 денари. Од регулаторна уверуваат дека новата пресемтка нема да предизвика ценовен шоk кај горивата.

Новина во слендиот период е и тоа што наместо на две недели регулаторна цената на горивата ќе ја утврдува на седум дена.

Претходно «
Следно »