БЕРОВЧАНЕЦ ДОБИ КРИВИЧНА: Ја нападнал медицинската сестра додека ја прегледувала неговата сопруга

  • May 18, 2018

Полициската станица Берово поднесе кривична пријава против О.К. (27) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 06.05.2018 година, околу 21.00 часот, во просториите на Итната медицинска помош во Здравствен дом во Берово, при преглед на неговата сопруга, пријавениот упатувал закани кон медицинската сестра Ш.М., по што и физички ја нападнал.

Претходно «
Следно »