БЕЈЛИ, КЛОМП И СТЕФАНСОН ГИ МОЛАТ ДУИ ЗА КОАЛИЦИЈА: Продолжуваат притисоците и мешањето на странските амбасадори!

  • December 28, 2016

Средбите што изминативе денови ги имаа лидерите на СДСМ и на ДУИ со меѓународните дипломатски претставници вчера продолжија со нивните одделни средби со амбасадорите на Шведска и Холандија. И на двете средби, официјално, било разговарано за состојбата настаната по изборите на 11 декември и за можностите за составувањето на новата македонска влада. Од објавените партиски соопштенија не се гледа каков став и видувања амбасадорите им пренеле на двајцата лидери за можните коалирања за состав на новата македонска влада, пренесува Дневник

ss

Прво стаса соопштението за средбата на партискиот лидер Зоран Заев од информативната служба на СДСМ, во кое беше наведено дека тој се сретнал со амбасадорот на Kралството Шведска во Република Македонија, Матс Стефансон. При ова, како што беше наведено, заеднички е констатирано дека новата влада во Македонија мора да биде посветена на потребните реформски процеси, нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија.

– Се гордееме со резултатот, со пенкало и глас поразивме режим. Над 612.000 граѓани во Македонија се изјаснија за промени – рече претседателот Заев според партиското соопштение.

На крајот е наведено дека на средбата се разговарало за текот на политичките процеси во земјата по реализираните предвремени парламентарни избори.

Инаку, „Дневник“ вчера и изминативе денови пишуваше за јавните истапи на амбасадорот Стефансон, кои се идентични на тие на Заев, а во кои тој оцени дека на неодамнешните избори народот во Македонија гласаше за промени.

– Тоа е многу очигледно. Очигледно е дека народот сака некакви промени. Kако тоа ќе изгледа во пракса е многу тешко за мене како странски дипломат да коментирам. Но, важната работа, сега кога изборите завршија, е што ќе може да се состави влада која има моќ и можност да спроведе големи реформи за промена, кои Македонија мора да ги спроведе – изјави тој во едно интервју по соопштувањето на изборните резултати.

sredbaОвие негови оценки, практично, беа идентични на оние што во јавноста по изборите ги изнесуваше лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Од шведското Министерство за надворешни работи не одговорија на прашањата на „Дневник“ за ваквите оценки на нивниот амбасадор во нашата земја кои не соодветствуваат со официјалните резултати од изборите.

Од друга страна, лидерот на интегративците, Али Ахмети, со холандскиот амбасадор Воутер Пломп се сретна во седиштето на партијата во Тетово. Тие, според партиското соопштение, размениле мислења за ситуацијата создадена по изборите на 11 декември и за иднината на земјата.

– Претседателот на ДУИ, Ахмети, истакна дека партијата многу внимателно ја следи состојбата и е свесна за тешките одлуки што треба да се преземат во блиска иднина земајќи ги предвид создадените околности. Ахмети нагласи дека јазичната еднаквост, системските реформи, економската еднаквост и интеграцијата остануваат приоритети, но и транспарентноста на судските постапки кои резултираа со дилеми во јавноста. ДУИ е посветена на остварувањето на својата политичка програма во согласност со очекувањата на граѓаните во овие тешки и предизвикувачки времиња – се наведува во партиското соопштение.

Во него се наведува и тоа дека Ахмети зборувал и за потребата за подготвување и одобрување заедничка политичка платформа на албанските парламентарни партии и ДУИ останува посветена и целосно отворена за да се постигне успех во оваа исклучително важна иницијатива.

Заев и Ахмети пред една недела имаа одделни средби и со американскиот амбасадор Џес Бејли. Според партиското соопштение, претседателот на СДСМ на оваа средба нагласил дека институциите се должни да работат во служба на граѓаните.

– Граѓаните се определија за добар живот, за слобода, за демократија. Тоа што граѓаните не подлегнаа на манипулациите и провокациите изминатите денови е уште една потврда дека општеството е зрело за промени. Деновите што престојат ќе покажат дека започнатите демократски процеси во Македонија веќе никој не може да ги спречи – изјавил Заев, меѓу другото на средбата со американскиот амбасадор Бејли – соопштија од СДСМ.

На средбата Бејли-Ахмети главна тема биле изборниот процес и ситуацијата создадена по изборите.

– Ахмети ја истакна важноста на склучувањето на Рамковниот договор, но и јазична и економска еднаквост, реформи и владеење на правото, како и евро-атлантската интеграција – соопштија тогаш од ДУИ.

bejli_ahmeti

 

Тој нагласил дека сите достигнувања во изминатите 15 години во земјата се реализирани во соработка со меѓународната заедница, вклучувајќи и разрешувањето на кризата.

– Затоа ова стратешко партнерство на ДУИ со американските сојузници ќе продолжи во духот на исполнување на заедничките интереси, полноправно членство во НАТО и ЕУ – се вели во соопштението од ДУИ и се додава дека на средбата Ахмети зборувал и за одредени групи. Нагласил дека ДУИ е посветена на одржување на стабилноста и стратешката определба на земјата за членство во НАТО и ЕУ.

Средбите со меѓународните дипломати се случуваат во периодот кога постои голема неизвесност за тоа кој ќе може да формира нова македонска влада, со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ има 51, а СДСМ – 49, ДУИ – 10, Беса – 5, „Алијансата за Албанците“ – 3 и ДПА – 2 пратенички места, и кога странските амбасадори од западните земји преку Заев се обидуваат да ја протуркаат тезата дека опозицијата освоила над 600.000 гласа, што е ноторна лага и манипулација, и кога се обидуваат да издејствуваат таа да формира влада наспроти мнозинската волја на гласачите.

Претходно «
Следно »