БЕЈЛИ НЕ БИЛ ВО СОБРАНИЕ ДА ГИ УБЕДУВА ПРАТЕНИЦИТЕ: Наводно гледал што се случува во амбасадата на телевизија

  • October 25, 2018

Американскиот амбасадор Џес Бејли, реагирајќи на изјавите од руското МНР, изјави дека за време на гласањето за уставните измени не бил во македонскиот парламент.

– Јас тој ден бев во мојата канцеларија, учествував на настан организиран вечерта од амбасадата. И како и повеќето граѓани на Македонија го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба, изјави Бејли за ТВ 21.

Завчера руското Министерство за надворешни работи соопшти дека осумте гласа од пратеници од опозицијата се обезбедени со уцена, закани и поткуп.

– Пратениците беа затворени во канцеларии, телефоните им беа одземени, во духот на европската демократска пракса. Треба да се спомене дека американскиот амбасадор во Скопје бил во Парламентот до крајот на седницата, што остава сомнеж за тоа кој го раководел овој процес, соопшти руското МНР во реакцијата.

Претходно «
Следно »