БЕЈЛИ ПРИЗНА ДЕКА Е „ЧАДОРОТ“? Твитер преписка помеѓу Џес Бејли и Стевчо Јакимовски!

  • April 22, 2016

Цензурирањето на текстови, колумни и најстрашно емисии со рекордна гледаност е само по себе доволен скандал. Но, по неколкуте текстови објавени во најтиражниот дневен весник Дневник во врска со цензурирањето на емисијата на Миленко Неделковски, Инфомакс.мк каде што беше цензурирана и колумна на лидер на политичка партија, односно Стевчо Јакимовски на Твитер се јави и Амбасадорот на САД кој се пронашол во констатацијата на Јакимовски

stevco_bejli

Во колумната „И ова ќе помине“ на Стевчо Јакимовски објавена на Инфомакс.мк, Јакимовски во неколку наврати го споменува „чадорот“ како виновник за политичката криза во Македонија, бидејќи му дава поддршка на Зоран Заев кој сака да дојде на власт без избори. Истата беше блокирана.

На оваа тема пишуваше и најтиражниот дневен весник Дневник, на што амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли реагираше, пронаоѓајќи се во „чадорот“ на Јакимовски, при што дојде до Твитер преписка помеѓу Бејли и Јакимовски.

„Дневник разбрале погрешно. Не се согласувам со тоа што го тврди Стевчо Јакимовски во неговата колумна тука но секогаш ќе го бранам неговото право да го каже она што го мисли“ – напиша Бејли на Твитер, на што доби одговор од лидерот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош во кој вели:
„Во дел од мојата колумна го спомнав „чадорот“ не знаев дека сте се препознале во чадорот и не ми е јасно зошто Вие ми одговарате. Баш ви благодарам што ми посочивте дека имам право да го бранам својот став, инаку јас досега не знаев дека смеам да го бранам својот став“ – му одговори Јакимовски.

bejli_jakimovski

 

Претходно «
Следно »