October 24, 2021, 6:54 am

Беќаровски: Македонија и по година ипол нема протокол за лекување koвид-пациенти за матичните лекари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија и по година ипол нема донесено протокол за лекување на Ковид пациенти за матичните лекари. Таков протокол има само за болниците, рече вечерва при своето гостување на Канал 5 телевизија доктор Нико Беќаровски.

„Јасно им е кажано на матичните лекари дека во првите пет дена од заразувањето, не смее да си играат со ‘сумамед’ и дупли дози. Кај нас секој матичен лекар води своја политика. Некој дава антибиотик, некој ги тера на енормни токсични дози на витамини. А, првите пет дена ни се клучни. Натаму, требаше да се направи Ковид центар во секој здравствен дом каде секој пациент на петтиот ден ќе одеше на проверка. А, не да одат во болниците на преглед. Проблемот е што ние не направиме протокол за матичните лекари. А, и нив ќе им биде полесно ако имаат точни насоки. И тие ќе беа заштитени. Талкаат и тие и пациентите им вршат притисок. Ќе слушне дека комшијата испил шест сумамеди и му било подобро и инсистира да му биде и него препишано“, вели Беќаровски.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This