Бизнисменот од „Поткуп“: Заев ми побара 3 евра од квадрат легализирано земјиште, по едно за него, за црквата и за партијата

Поврзано

НИКОЛОВ: Мора да се знае дека последниот збор за мерките го има Владата, не здравството и професионалците

Потребно е да се апелира до членовите на Комисијата за заразни болести да одлучуваат и работат на основа на...

ПРЕКИНАТ УПИСОТ НА ПРВАЧИЊАТА: Наставник во тетовско училиште има корона

Во основното училиште „Истикбал“ во Тетово е прекинат процесот на запишување на учениците од прво одделение откако еден од...

ГЛУПАВА ОДЛУКА: Зошто Филипче избега од ова прашање?!

“Реалноста е дека жителите на градовите кои се ставаат под карантин пред почеток на полицискиот час ќе заминат на...

Бизнисменот Иван Сачавалиев, од кого според обвинението премиерот Зоран Заев од функција на струмички градоначалник барал поткуп за легализација на  градежно земјиште, предмет за кој има и снимка која протече во јавноста, на денешното рочиште на предметот пред судот за организиран  криминал кажа дека Заев му барал рекет од 3 евра за метар квадратен легализирано земјиште, по едно за него, за црквата и за партијата.

-Беше Митровден кога ми се јави и ме праша дали може да одам за 15 минути во неговиот кабинет. Јас бев со гости, ама отидов. Ме чекаше и ми рече дека може да го откупам земјиштето за 70 денари од квадрат и тоа важеше до Нова Година. Ми постави услов да дадам плус по 3 евра од квадрат. Ми рече едно е за него, едно за изградба на црквата и едно за партијата. Му кажав дека тоа се многу пари, 300.000 евра зошто земјиштето беше 100.000 квадратни метри. На бирото имаше куп документи и ми рече и овие завршија така. Бев збунет и му реков дека треба да размислам,  кажа Сачавалиев на денешното рочиште.

Кога истиот побарал сметка на која да ги уплати парите наменети за црквата, Заев му рекол истите да ги однесе кај брат му Вице.

Со изјавата на сведокот се отвара уште еден сомнеж, ќе отвори ли Јавното обвинителство постапка по допрен глас за начинот на кој Заев легализирал земјиште, што по изјавата на  самиот сведок може да се заклучи дека не е само тој на кого му бил побаран и земен поткуп, по принципот плати, па легализирај, туку бројот на бизнисмените можеби е поголем?

По отворањето на оваа прашање, јавноста очекува од Јавното обвинителство истрага по однос на сите факти во случајот.

Актуелно

БЕВ ВО РЕСТОРАН, И ЌЕ СИ ПЛАТАМ КАЗНА: Мицкоски на Фејсбук жали што во услови кога имаме 100 заболени од корона, власта се занимава...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот ФБ профил вечерва ја потврди информацијата дека во текот на попладневните часови...

ГЛУПАВА ОДЛУКА: Зошто Филипче избега од ова прашање?!

“Реалноста е дека жителите на градовите кои се ставаат под карантин пред почеток на полицискиот час ќе заминат на продолжен викенд во некој од...

КОРЕКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ВЛАДАТА: Во уште една општина забрана за движење од четврток до понеделник

Во продолжение на 60-тата седница што се одржа денеска, Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза...

ИСКЛУЧОЦИ ОД ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Полицискиот час не важи за овие категории на физички и правни субјекти

Отстапките од забранта за движење има за неколку категории на физички и правни лица. Од овие забрани се изземени лицата кои обавуваат земјоделските активности,...

(Видео) ДЕТАЛИ ОД ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Карантин за дел од државата, забрана за одење на гробишта за целата земја

Владата на предлог на Комисијата за заразни донесе одлука за воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни)...

Повеќе вести