September 27, 2021, 10:11 am

Бил Гejтс и Џорџ Сopoс ја пpeземаат компанијата што произведува брзи Koвид тестови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Конзорциум на инвеститори, предводен од Фондот за економски развој на Џорџ Сорос (СЕДФ) и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, ќе финансира купување на британската компанија за дијагностичка технологија „Мологик“, која разви брз, десетминутен тест за откривање на корона вирусот.

Како што објави објави Фајненшл тајмс, за извршување на аквизицијата, конзорциумот го формирал социјалното претпријатие „Глобал Аксес Хелт“ (ГАХ), чија цел е да се прошири пристапот до достапната медицинска технологија.

Членовите на ГАХ се подготвени да инвестираат над 41 милијарда долари за финансирање на аквизицијата. Трансакцијата ќе вклучува купување на сите постојни акции на „Мологик“.

Пандемијата на Ковид-19 болно ги демонстрираше основните нееднаквости во глобалното јавно здравство, а особено клучната важност на пристапот до дијагностички алатки за спасување живот. Во оваа единствена трансакција, филантропските фондови и инвеститорите работат заедно за да се справат барем со дел од овој недостаток, овозможувајќи најсовремената трговска компанија да ги насочи сите свои ресурси кон решавање на еден од најитните светски проблеми со јавното здравство – вели извршниот директор на СЕДФ, Шон Хинтон.

„Мологик“ неодамна доби милион фунти од британските власти за развој на тестови за Ковид-19, но подоцна ја обвини владата дека ја ограничува употребата на тие тестови во матичната земја.

Генералниот директор на „Мологик“, Марк Дејвис го поздрави договорот за аквизиција, истакнувајќи дека тоа значи трансформација на неговата компанија во социјално претпријатие, што тој го оцени како „промислен, логичен и природен чекор насочен кон обезбедување прифатлива дијагностика и биотехнологија на местата што се маргинализирани во немилосрдната трка за профит“.

Извор: Форбс

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

СЗО ќe зaпoчнe нoвa иcтpaгa дaли кopoнaвиpycoт „излeгoл“ oд лaбopaтopиja oд Вyхaн

Светската здравствена организација ќе започне нова истрага за потеклото на коронавирусот и ќе се испитува дали потекнува од лабораторија...

More Articles Like This