БИЛ НИКОЛОВ ДО ХАН: Ти си кристално јасен расист и антимакедонски настроен!

  • November 9, 2018

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов со порака до еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

“Кој, по ѓаволите, си ти да кажуваш некому да го менува името на неговата етничка група и идентитет”, пишува Николов според кого еврокомесарот е “кристално јасен расист” и антимакедонски настроен.

Македонскиот активист од Канада кој во неколку наврати директно обвинуваше западни претставници и бараше апсење на Зоран Заев бара од Хан да каже зошто не сака да се сретне со него и вели дека ја брани Македонија од такви како него.

Николов реагира на последната изјава дадена од Хан по средбата со лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски.

Претходно «
Следно »