Битиќи најави нови мерки за угостителските објекти кои овие две недели ќе бидат затворени

Поврзано

Биотepopистите го напуштија Cобранието

Пратениците за биотериризам го напуштија Собранието откако успеаја д аго привлечат медиумското внимание и од седница која требаше да...

Утре се очекуваат 10 илјади дози од „Фаj3ep“

Утре се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да стигнат...

(Видео) Амepикaнcки paзyзнaвaчи: Пaндeмиjaтa ги paзгopyвa кoнфликтитe нa глoбaлнo нивo

Американските разузнавачки служби упатија предупредувачки пораки во своите годишни презентации пред Конгресот – на глобално ниво проблемите предизвикани од...
- Advertisement -

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи преку „Фејсбук“ најави нови мерки за угостителските објекти кои се затворени од денеска.

– Оние економски оператори кои овие две недели ќе бидат затворени ќе бидат опфатени со нови мерки. Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет, пишува Битиќи.

Тој додава дека како и во вонредната состојба оние угостителски објекти кои вршат достава можат да продолжат истото да го прават и по полицискиот час, секако со соодветни дозволи за движење.

– Дополнително, во текот на денот можат да продаваат храна и пијалови од шалтер (take away или to go) без послужување во самите локали. Ова секако ќе овозможи за поголемиот дел од нив да продолжат делумно да работат, завршува Битиќи.

Latest News

Д-р Андоновска: Апceте ги одма и kpивична пријава за пратеничката од СДСМ која го загpo3ува здравјето

Доктор Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека пратеничката која денес позитивна на коронавирус дојде во...

More Articles Like This