БИТКА ЗА ИМИЏОТ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП

  • December 7, 2016

Жан пол Готје нема никаков проблем да ја облекува новата прва дама на САД, наспроти Том Форд и Марк Џејкобс, кои изјавија дека не би го правеле тоа.

melania-trump-style-election

Повеќе дизајнери изјавија дека би го одбиле евентуалното барање да ја облекуваат  идната прва дама на САД. Но, некои како Томи Хилфигер и, сега, Готје, изјавија дека не би имале никаков проблем во врска со тоа.

Прашан дали би ја облекувал госпоѓа Трамп, Готје одговорил:

-Апсолутно. Не ми е баш примарна цел, ама зошто да не?

Зборувајќи на церемонијата на доделување на Британските модни награди, францускиот дизајнер изјавил дека тоа не е политичко прашање.

– Таа и самата се облекува прилично добро. Беше подобро облечена од Хилари Клинтон кога отидоа на гласање. Со белиот фустан и палтото во боја на тутун изгледаше прекрасно – изјавил Готје.

Минатиот месец Софи Тале (Sophie Theallet), една од омилените дизајнери на Мишел Обама, објави на Твитер дека нема да учествува во облекувањето на идната прва дама.

-Реториката на расизам, сексизам и ксенофобија од претседателската кампања на нејзиниот сопруг се некомпатибилни со споделените вредности на времето во кое живееме – порача Тале.

-Повеќе би сакал да ја вложам својата енергија во помагањето на оние кои Трамп ќе ги повреди – изјави минатиот месец Марк Џејкобс.

-Бев прашан да ја облекувам пред неколку години и одбив. Но таа одлука имаше повеќе врска со нејзиниот стил отколку со политиката  – изјавил Том Форд.

Томи Хилфигер, пак, дал сосема спротивна изјава.

-Меланија е многу убава жена и секој дизајнер би бил среќен да ја облекува – рекол Хилфигер.

Претходно «
Следно »