October 18, 2021, 1:47 am

Биткoинoт пpoдoлжyвa дa pacтe – пoвтopнo ja нaдминa гpaницaтa oд 40 илjaди дoлapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најпознатата криптовалута во светот – биткоин, забележа раст од скоро 2 проценти во последните 24 часа, па цената на дигиталната валута повторно ја надмина границата од 40.000 долари.

Пазарната капитализација на биткоинот се искачи на 752 милијарди долари.

Етереум, втората најпопуларна дигитална валута, забележа раст од 3,3 проценти и нејзината цена во моментов е околу 2.600 долари.

Биткоинот силно се искачи вчера еден час по твитот на Илон Маск, кој објави дека неговата компанија Тесла повторно ќе прифати плаќања со биткоин.

На цената на криптовалутата може да влијае и најавата на „MicroStrategy“ дека се подготвува да купи биткоини во вредност од 488 милиони долари, со приходи од штотуку завршената продажба на обврзници од 500 милиони долари, објави компанијата во понеделникот.

Оваа сифтверска компанија за деловно разузнавање, контролирана од извршниот директор Мајкл Сејлор, на тој начин ќе го зголеми своето портфолио на биткоини. MicroStrategy рече дека своите приближно 92.079 биткоини ги чува во новоформираната подружница MacroStrategy LLC.

Извор: denar.mk

Latest News

Целосно обработени податоците од Градско, Дојран, Лозово, Росоман и Центар Жупа, ова се резултатите

На веб-страницата на Државната изборна комисија објавени се првичните резултати од пет општини каде се обработени 100 отсто од...

More Articles Like This