БИТНО ЗАЛИХИТЕ СЕ ТРОШАТ: Нема нови зaбoлeни од мopбили, вaкциниpaни 1.018 деца!

  • January 5, 2019

Во текот на денешниот ден, до 13 часот, 28 деца примиле МРП вакцина. Досега се вакцинирани вкупно 1.018 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти Министерството за здравство.

Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, денеска и утре ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник, на 7 јануари, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот.

Она што е симптоматично во овој процес, а за што родителите изразија сомнеж, е општата паника која се разви во земјата откако шест деца беа заболени од овој вирус што беше доволно да се прогласи епидемија.

Веднаш по прогласувањето на епидемија, властите презентираа телевизиска реклама која повикува на вакцинација. Спот кој очигледно бил претходно подготвен.

На 27. декември пак, МЗ спровела тендерска постапка за набавка на вакцини, поради што граѓаните легитимно се сомневаат дека се работи за сценарио на здравствените власти за трошење на залихите со цел набавка на нови, од компанија блиска до министерот за здравство, Венко Филипче.

Претходно «
Следно »