БИ-БИ-СИ: Путин со посетата на Србија го предупредува Западот (ВИДЕО) Рускиот претседател Владимир

  • January 18, 2019

Путин со посетата на Србија го предупредува Западот на Балканот, пишува Би-би-си за посетата на рускиот претседател на Белград.

Путин, како што истакнува британскиот јавен сервис, ја предводи моќната руска делегација во посетата на Србија со цел да ја „зацементира“ соработката со Србија, која сака да се придружи на Европската Унија.

Пред посетата, потсетува Би-би-си, Путин обв ини дел од западните земји за „дестабилизација на Балканот“.

Во текстот се поставува прашањето зошто Србија продолжува да го демонстрира своето пријателство со Русија, ако е толку решена да се приклучи на ЕУ и се додава дека со играњето на картата на врските со Москва се бара конзервативно-националистичка поддршка за претседателот Александар Вучиќ и неговата партија СНС.

Тоа, според Би-би-си, го истакнува и словенскиот, православен и христијански карактер на земјата, иако насоката на патот на Србија е кон Западот.

Тоа му помага на Вучиќ да тврди дека политиката која ја приближува Србија кон членството во ЕУ, како нормализацијата на односите со Косово, не е наметната од Брисел, туку е рационален избор за да се подобри животот на граѓаните.

Се оценува и дека доаѓањето на Путин во Србија е опомена за ЕУ дека не треба здраво за готово да ја зема лојалноста на Србија.

Од друга страна, Путин несомнено ќе ужива поради нелагодноста на западните дипломати додека гледаат како водечкиот кандидат за членство во ЕУ го простира црвениот килим пред него, заклучува Би-би-си.

Претходно «
Следно »