БЛИЗНАЦИТЕ ОД ПУКА КОЗМЕТИКА НА СЛОБОДА: Ослободени од притвор откако вчера беа уапсени на протестите пред Собрание

  • January 12, 2019

Ослободени се од притвор рап артистите од „Пука козметика“, Дарко и Жарко Масларковски, кои синоќа на протестот пред Собрание беа уапсени  и  задржани во полициската станица во Кисела Вода.

На Дарко Масларковски по наредна на јавен обвинител му е одземен мобилниот телефон.

МВР ги терети по член 383 од Кривичниот законик- напад на овластено службено лице.

Адвокат на Дарко Масларковски е Јанаки Митровски, додека на Жарко Масларковски бранител е Дејан Костиќ.

Од МВР велат дека по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Претходно «
Следно »