БОГАТ УЛОВ НА ЦАРИНАТА: Голема количина на девизи, дронови, кафе, облека, бунди, автоделови, дрога и што ли не!

  • October 31, 2016

Со унапредување на системот за селективни контроли, односно со нивно правилно насочување, во претходниот период царинските контроли беа намалени, а зелениот канал (слободно преминување на стоките) беше удвоен од 35% на 75%. Намалениот интензитет на вршење на царинска контрола овозможи забрзување на царинската постапка за економските оператори кои ги почитуваат царинските и други прописи поврзани со увозот и извозот на стоки и зголемување на ефикасноста и ефективноста во царинското работење при вршење на контроли, без притоа да се намали ефективноста, ефикасноста и резултатите при вршењето на контролите.

granica-grcija-540x320_2014916145920

И во овие услови на намалени контроли и олеснето движење, Царинската управа во 2016 година до денес наплати 5.255 милиони денари, односно 9,68% повеќе приходи во однос на истиот период во 2015 година, а 4,98% повеќе во однос на планираните приходи за 2016 година.

Освен што е важна алка во синџирот на поддршка на меѓународната трговија, секоја современа царинска служба игра исклучително важна улога во безбедносниот систем на својата држава, така само во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за шверц, при што привремено се задржани девизи, облека, модни додатоци, козметика, техничка стока, автоделови и фалсификати.

Задржана е следната стока:

devizi-carina

Девизи

Во текот на оваа седмица, како и минатата кога беа запленети 59.100 евра, имаше зачестени обиди за шверц на девизи, при што беа реализирани следните заплени:

– 39.000 американски долари, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики при личен претрес на турски државјанин, кој пристигнал со лет од Истанбул.Во мала рачна ташничка биле пронајдени 50.000 американски долари, од кои согласно законските прописи на патникот му се вратени 11.000 долари, што е противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. За сторениот прекршок против патникот е поведена прекршочна постапка.

devizi-carina2
– 15.000 евра, откриени при личен претрес на двајца унгарски државјани кои со унгарски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во џебовите од јакната и панталоните на возачот биле пронајдени 19.700 евра и 1.700.000 форинти, за кои немал документи за потекло и потврда дека истите ги пријавил на влез во Република Македонија. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 4.700 евра и 1.700.000 форинти, што е противвредност на 10.000 евра, а за сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

– 2.000 британски фунти, откриени при личен претрес на двајца македонски државјани, кои со македонски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Патниците пријавиле дека со себе носат по 2.000 евра, но при извршениот личен претрес, покрај пријавените пари, во горен џеб од јакната на едниот патник биле пронајдени уште 2.000 британски фунти. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2.000 евра, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.

Облека, модни додатоци, парфеми

– 2 бунди од природно крзно од зајак и лисица, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените бунди, пронајдени во затворени футроли за облека, сместени на задното седиште, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

bundi-carina-640x360

– 222 разни производи (облека, чанти, очила, парфеми, тоалетни води, обувки, спортска облека и фудбалски топки), откриени во 3 одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики.

tasni-carina-640x427

Во првиот случај, во патните торби на норвешки државјанин, кој допатувал со лет од Сандефјорд, Норвешка, биле пронајдени 119 парчиња од фудбалска опрема (дресови, шорцеви, чорапи и горни тренерки) и 10 фудбалски топки.

sportska-oprema-640x427
Во вториот случај, во патните торби на косовски државјанин, кој допатувал со лет од Лондон, биле пронајдени 50 парчиња облека (елеци, јакни, палта, дуксери и фармерки) и 10 женски чанти.

Во третиот случај, во патните торби на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Меминген, биле пронајдени 9 пара очила, 1 парфем од 100 ml, 2 тоалетни води од 100 ml и 150 ml, 5 паричници, 8 пара обувки (чизми, чевли, патики и апостолки) и 8 женски чанти, сите од познати трговски марки.

Во сите три случаи, непријавените производи се привремено задржани, а против патниците се поведени прекршочни постапки.

Технички уреди

– 1 апарат за дијагностика на мобилна мрежа, откриен при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавениот апарат, пронајден во чанта сместена во багажникот на возилото, е привремено задржан, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 3 дронови, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Меџитлија, при контрола на два автомобили пријавени за влез во државата.

dron-carina-640x360

Во првиот случај, во пластични кутии сместени во багажникот на француски автомобил, управуван од американски државјанин, биле пронајдени 2 дронови.

Во вториот случај, во багажникот на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин бил пронајден 1 дрон.

Во двата случаи дроновите се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поведени соодветни постпки.

Автоделови

– 40 парчиња делови за товарни возила (филтри за масло, цевки за гориво и масло, клипови, хилзни, лагери и сет од гумички и семеринзи), откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените делови, пронајдени во кутија сместена во багажникот на возилото, како и пред и позади совозачкото седиште, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 32 употребувани гуми за патн4ички возила, откриени при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените гуми, пронајдени во багажникот на возилото се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

gumi-carina-640x480

Семки од марихуана

Царинските службеници од царинската испостава Аеродром Александар Велики – отсек за стоково царинење, спречија обид за криумчарење на семки од марихуана. При контрола на пратка од Англија со опис на стока TOYS, наменета за примач физичко лице од Скопје, биле пронајдени 3 семки од марихуана и 1 ЦД. Истите се предадени на Одделението за истраги при Царинската управа за понатамошна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 5.175 килограми прашок за перење, 3.000 литри течен детергент, 526 литри шампон за коса и 11.520 бричеви за еднократна употреба со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на македонски камион, натоварен со стока од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Пазарната вредност на сомнителната стока е проценета на околу 2 милиони денари, доколку би се продавале како оригинали.

– 432 литри шампон за коса (1.200 опаковки од 360 ml) и 1.596 освежувачи за простории со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на турски камион натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 410 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали.

Поради сомневање дека се повредени права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе бидат поведени постапки за утврдување на нивната оригиналност.

Измама

Во царинската испостава Куманово е откриен обид за избегнување плаќање на увозни давачки со погрешно декларирање на вредноста на стоката.

Увозник од Кочани пријавил за увозно царинење капар во саламура и стаклени тегли, со потекло од Италија. Поради сомневање дека пријавената царинска вредност е нереално ниска, царинските службеници извршиле контрола на стоката и проверка во базата за царинска вредност на Царинската управа, при што било утврдено дека истиот увозник во приближно исто време, на друга царинска испостава извршил царинење на иста стока, од ист испраќач со многу поголема вредност од сегашно пријавената.

Против увозникот е изготвен записник за царинска вредност и извршена е пресметка на дополнителни увозни давачки во износ од околу 290 илјади денари.

Претходно «
Следно »