Богоевски: „Не чувствувам дека Заев ме из*бaл“

Поврзано

Дијаспората со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мавчев од Мелбурн Австралија преку својот Фејсбук упати видео порака до граѓаните...

Благојчо Ѓорѓиев: Оваа моја слика ја користеа додека да си ја остварат целта, денес за нив сум Шуто и Рогато

„Оваа моја слика се користеше за повикување на граѓани што помасовно да излезат на протести против владеењето на Груевски,...

(Фото) Манчевски збунет, го критикуваше проектот на ВМРО-ДПМНЕ, а истиот го имаат во нивната програма….

Изгубениот министер во заминување Дамјан Манчевски, кој го критикуваше проектот на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на Дигитална агенција и тврдеше...

После денешнава нова аудио бomба каде Заев вели дека Шарената револуција ќе ја собере на купче и ќе собере и шуто и рогато, и дека после мамето ќе им го еб*л, на сите што ќе влезат кај него во коалиција.

Еден од Шарените револуцинери, а после и пратеник на СДСМ, Павле Богоевски напиша на Фејсбук дека не се чувстува изе*ан од Заев.

-Не се чуствувам из*бан, друштво.

Последните четири години секогаш кога можев гледав да избегнам јавно да зборувам на тема Зоран Заев – бидејќи мислев дека тоа би било нецелеисходно и дека тоа не било моја работа. Но, денес се чуствувам повикан да одговорам и со сигурност, можам да кажам неколку работи:

1. Причината зошто бев политички активен преку активизмот беше вредносна. Причината зошто одлучив битката да ја продолжам институционално беше лична – беше довербата која ја створив во тој човек. Не во партијата, не во коалицијата – во него. Доверба без која никогаш немаше да се нафатам за тоа лудило кое следеше и доверба која се’ уште ја имам.

2. Во овие четири години, во повеќе наврати сум имал судири со партијата. Секогаш кога имало и НАЈМАЛ простор за тоа, Заев бил на мојата страна.

3. Причината за објавувањето на оваа снимка е валкана, ниска и повеќе од очигледна.

4. Кога најголемиот дел од државава бараше моја оставка, истото го бараа и најголемиот дел високи функционери од СДСМ. Заев ги пресече во корен и ми остави простор сам да донесам одлука, постојано велејќи дека ќе ме поддржи, што и да одлучам. Ниту тогаш, ниту сега немам никаква причина да се сомневам во искреноста на таа поддршка.

Фактот што во тие моменти имав сила да поднесам одговорност е нешто што денес прави да се чуствувам многу гордо и нема да дозволам никој да ми го одземе или извалка тоа.

Повторувам – не се чуствувам из*бано, ниту излажано. Повторно би го направил истото, без разлика колку моето собраниско искуство ме чинеше лично – бидејќи со секој атом од телово верувам дека нашата држава и општество денес се неспоредливи со тие пред Шарената револуција и пред коалицирањето со СДСМ и другите партии.

Иако не сум на листа, на 15ти повторно ќе гласам. Бидејќи верувам денес, како и пред четири години дека оваа опција е единствената која може да ја однесе Северна Македонија во иднината која ја заслужуваме.

п.с. Политиката е одвратно валкана работа, а политиката во нашава држава е една од највалканите во светот. Срам ми е да кажам какви се’ работи не сум морал да изговорам, премолчам или толерирам при работењето кон тоа што сум верувал и се’ уште верувам дека било во најдобар интерес на граѓаните. Политичар кој ве убедува во спротивното или ве лаже, или не ја разбира својата работа, напиша Богоевски

Актуелно

Операција Атлантик

Под кодното име „Атлантик“ била водена мега разузнувачка операција за следење на сите противници на промената на името, во...

(Во живо) Бoмбa на Љупчо Палевски, приcлyшкyвани и следени новинари, политичари и активисти на „Бојкотирам“

Во „Public Room“ на прес конференција, Љупчо Палевски открива дека во период пред референдумот биле прислушкувани и следени, новинари, политичари и активисти на движењето...

Брима Галуп воопшто не спровела анкета, СДСМ „води“ само на непостоечки анкети!

Новинарот Горан Момировски во емисијата „Заспиј ако можеш“ откри скандал од невидени размери споделувајќи со македонската јавност дека Брима Галуп воопшто не спровела никаква...

Мицкоски до Заев: Ќе морате да ја докажувате Вашата невиност пред cуд, одговорност мора да има

На вечерашниот тв дуел гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој зборуваше за реформите во судството, како и за одговорноста која што ќе...

Мицкоски: Cо заокружување на број 14 ќе се поддржи една поинаква Македонија од оваа која што денеска се случува

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во дебатната емисијата на македонската телевизија посочи дека овие избори се избори во кои што се одлучува за нашата...

Повеќе вести