April 24, 2024, 11:00 am

БОГОЕВ ГО БОЛИ УВО ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО ВО КАРПОШ: 15 пријави за загадувач во Жданец, реакција од општина Карпош сеуште нема

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Загрижени граѓани од општина Карпош, доставија видео записи до нашата редакција од куќа во Жданец која постојано испушта неподнослив чад од оџакот.

Тие не информираа дека до сега испратиле 15 пријави до општинската управа, но до сега ниту се реагирало ниту се санкционирало.

Тие во својот допис велата дека во куќата се согоруваат сомнителни материи, а чадот и миризбата ги приморал да реагираат, но реакција од општина Карпош нема.

https://www.youtube.com/watch?v=oCA1QVNKtqA&index=2&list=PLsyFwJ5e1lTn1TIZrQ7GD2xyGVYpVS2yb

Миризбата е неподнослива, се осеќа дека се гори пластика, гуми, лакирано дрво, а чадот се шири низ целата населба и сите се приморани да ги држат прозорите затворени, а на самите прозори се стварат мрсни наслаги.

Луѓето од Жданец велат дека се обиделе да разговараат со сопствениците на куќата но тие одбиле да ги почитиваат барањата на сосоедите, а револтирани се на градоначалникот Богоев бидејќи и после 15 пријави реакција од општината нема.

https://www.youtube.com/watch?v=oCA1QVNKtqA&list=PLsyFwJ5e1lTn1TIZrQ7GD2xyGVYpVS2yb&index=3

Во својата изборна кампања Богоев, гарантираше почист воздух за граѓаните на Карпош, а зборуваше и за воведување на еко патроли, односно еко полиција, засилени контроли, но очигледно дека не само што нема контрола, не се постапува ни по пријава.

Во овој случај дури 15 пати била пријавена куќата во Жданец, интервенција од општина Карпош и Стефан Богоев сеуште нема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This