Бодрум под вода – поплавата носи автомобили

  • November 30, 2018

Турското одморалиште Бодрум во југозападниот дел на провинцијата Мугла денеска беше зафатено од град и поројни дождови.

Надојдените води ги несоа автомобилите и целосно го поплавија градот .

Врнежите почнаа во утринските часови и се засилија попладнто , претварајќи ги улиците во езера и надојдени реки.

Видеата на социјалните медиуми покажуваат надојдени реки кои ги носат автомобилите. На фотографиите се гледат познатите локации во одморалиштето Бодрум, како трговски центар Оаза, речиси непрепознатлив, кон кој жителите се пробиваат низ длабока вода.

Претходно «
Следно »