October 23, 2021, 9:54 am

Божин Павловски до 3aев: Дојди во Австралија да видиш зошто нашите храмови остануваат без верници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев: Целиот свет нѐ почитува поради Договорот од Преспа.

Дијаспора: Дојди меѓу нашите во дијаспората и провери.

РЕАКЦИЈА
Божин Павловски до Зоран Заев: Дојди во Австралија да видиш зошто нашите храмови остануваат без верници
Заев: Целиот свет нѐ почитува поради Договорот од Преспа.

Дијаспора: Дојди меѓу нашите во дијаспората и провери.

Вака академикот Божин Павловски ја почнува својата реакција на последните случувања во Австралија и официјалното барање на Австралискиот хеленски совет до владата во Канбера за доследно почитување на она што е запишано во Договорот од Преспа.

„1. Зошто нашите млади луѓе ги напуштија македонските културно уметнички друштва?

2. Зошто нашите храмови остануваат без верници?

3. Зошто активистите што согоруваа на терен борејќи се за одржување на јазикот, традициите и својата прва татковина чекорат со наведната глава.

Дојди токму во мигов.

1. За изворно да се запознаеш со писмото на грчките организации во прекуокеанските земји во кое тие бараат од овдешните влади прекрстување на Македонците во Македонословени.

2. И, со оглед на тоа што Грците ќе успеат во тоа што го бараат, провери дали потоа ќе исчезнат сите 500 македонски иселенички друштва, организации и социјални клубови.

3. Овие добри луѓе што не трошат ниту денар од буџетите на нашата држава, но живееја како пчели што се враќаа дома со дел од нектарот, се единствените купувачи на твоите ајвари, пинџури и други производи (Грците си увезуваат свои)“, му пишува Павловски на Заев.

Latest News

Пpoнajдeнa дpoгa вo штипcкo – пpивeдeни тpи лицa

На 22.10.2021 во 17.00 часот во атар на с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од...

More Articles Like This