БОЖИЌЕН ПРИЕМ:Г.г. Стефан приреди божикен прием за премиерот Заев, министри и други гости

  • January 9, 2018

Архиепископт на МПЦ ОА г.г. Стефан, синоќа приреди прием по повод Божик, на кој присуствуваа голем број гости, меѓу кои, премиерот Зоран Заев, министрите Рената Тренеска Дескоска, Оливер Сапсовски, Венко Филипче и други. Вечерта , според фотографиите објавени на Фб профилот на Заев, поминала во пријатна атмосфера.

Г.г. Стефан денеска ќе приреди божиќен ручек за државниот врв, претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собрание Талат Џафери. Архиепископт воедно на овој начин го одбележува и својот именден.

Претходно «
Следно »