БОМБОНА БИЗНИС НА ПЕТРЕ: Шилегов го почасти “Веро” со неколку илјади квадрати атрактино државно земјиште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје на четиринаесетата седница која се одржа на 18ти јули  му издаде дозвола за вршење на дејност паркирање на јавно паркиралиште Веропулос ДООЕЛ Скопје – Подружница Паркинг ВЕРО 2 Тафталиџе, Скопје со кое стопанисува „ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ“

Без никаква позначајна дискусија, советниците на владеачката партија во град Скопје на четиринаесетатта седница го почастија Веро со неколку илјади квадрати државно земјиште.

На предлог на градоначалникот Шилегов, спротивно на законот и без никакво соодветно образложение за одлука која е на директна штета на граѓаните на Скопје, особено на Карпош, Петре денес си направи уште еден бонбона бизнис, со кој на ВЕРОПУЛУС ДООЕЛ му се овозможува за паркингот кој досега беше бесплатет да наплаќа.

Запрашан да одговори на сомнежите кои на денешната седница ги отвори советникот од ГРОМ, Александар Трајановски, Шилегов вешто ја напушти дискусијата и го избегна одговорот на ова прашање.

 

Од тука стануа јасно, како Шилегов заработил луксузна вила во туристичката зона во Маврово во вредност од педесетина илјади евра.

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This