Борел: Нема влез во ЕУ без решение за Kосово

Поврзано

Пopaнeшниoт гeнepaлeн ceкpeтap нa HAТO, Џорџ Робертсон – „Бугарија дa гo ykинe вeтoтo зa Македонија“

Претседателот на Евроатлантскиот клуб и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси, го поддржа повикот на Роберсон...

Вучиќ: Наскоро една голема сила ќе побара повлекување на КФОР и УНМИК од Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека „една голема сила наскоро ќе започне со официјално барање за повлекување...

Дeнecкa ќe бидe пpeзeнтиpaн плaнoт зa oтвopaњe нa тypизмoт вo Грција – ќe бидaт oтвopeни и гpaничнитe пpeмини co Мaкeдoниja

Планот на грчката Влада за безбедно отворање на туризмот, како и кампањата на грчката национална туристичка организација, вечерва ќе...
- Advertisement -

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и бeзбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Унијата не пропишува ништо „како решение за koнфликтот Белград-Приштина“, но какво и да е решението, тоа е нeопходен услов за напредок кон членството во Унијата.

Борел ова го изјави давајќи збирен извештај за заклучоците на министрите за надворешни работи на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, за што во Луксембург извештај даде специјалниот претставник Мирослав Лајчак.

„Тоа е сложен процес, тој дијалог, воопшто не е лесен, има емоции, но тој продолжува … и двете страни покажаа подготвеност да го подобрат дијалогот, и покрај мaчните, сложени прашања“, кажа Борел.

-Јас лично сметам дека постигнувањето конечен договор во дијалогот е прашање на месеци, а не на години, под услов и двете страни да дејствуваат конструктивно, а ние не пропишуваме, туку само посредуваме и не сакаме вештачки да го забрзаме или попрeчиме спроведувањето на веќе потпишаните договори и оние кои треба да бидат решени, кажа Борел така одговорајќи на прашањето на новинарите дали е точен заклучок дека дијалогот е во зaстој затоа што двете страни не можат да се договорат за темите на преговорите и како министрите гледаат на барањето на српскиот претседател Александар Вучиќ јасно да се каже дали на Србија и се отвораат вратите на членството во Унијата, ако Србија треба да донесе некои „далекусежни одлуки во врска со Косово“, како што изјави Лајчак пред седницата.

Високиот претставник на ЕУ кажа дека и српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти ја нагласиле нивната посветеност кон европската интеграција и „тие знаат дека какво и да е решението за koнфликтот Белград-Приштина, тоа е неопходен услов за напредок кон ЕУ“.

Лајчак ги информираше шефовите на дипломатиите на Унијата за развојот на дијалогот и тие му дадоа целосна поддршка за продолжување на посредувањето меѓу двете страни.

Министрите ја истакнаа решеноста на ЕУ да го заврши успешно дијалогот и побараа од Белград и Приштина да преговараат „со добра волја и во духот на koмпромис“, изјави Борел, нагласувајќи дека „успехот на дијалогот е клучен за стабилноста на регионот и на самата ЕУ“.

Високиот претставник на ЕУ изјави дека е „добро познато“ да има само еден дијалог со посредство на Унијата и дека сите иницијативи што помагаат се добредојдени.

-Ја поздравуваме улогата на САД како важен партнер, но тој што е посредник и го води овој дијалог е ЕУ, порача Борел, истакнувајќи дека земјите кои сакаат да станат членки на Унијата мора да ги исполнат условите за добрососедски односи и регионална соработка.

Тој заклучи дека секој кандидат за членство тоа ќе го постигне врз основа на своите заслуги. (МИА)

Latest News

Koлyмнa нa Мирка Велиновска: „Cитe cojyзници нa Хитлep“

Колективниов запад ги стави на увид на целото човештво своите комплекси на инфериорност и љубомора наспроти Русија на овој...

More Articles Like This