БОРИСОВ ДЕЛИ СОВЕТИ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО: Борисов го „охрабрува“ Заев на уште еден догово со Грција со кој ќе се промени името!

  • October 4, 2017

– Треба да се најде решение меѓу двата народа, така како што ние го најдовме, бидејќи Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ – истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов во изјава за „Труд“, одговарајќи на новинарско прашање зошто на вчерашната среба на лидерите на Бугарија, Грција, Романија и Србија во Варна не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев.

Со оваа изјава бугарскиот премиер, всушност, праќа две пораки. Со првата, на извесен начин ги потврдува шпекулациите дека проблемот, што Грција го наметна околу името на Република Македонија, ќе се решава по примерот на Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија. А, со втората, пак, го информира Заев дека Грција нема да попушти во однос на спорот со името, што значи дека Македонија уште еднаш ќе треба да ја „свитка кичмата“ и да ги прегази трајните интереси на нашата држава.

Националната концепција за безбедност и одбрана на Република Македонија, која претставува основен „патоказ“ по кој треба да се движи државата, вели:

-Траен интерес на Република Македонија е зачувување и унапредување на нејзиниот државен идентитет со слободно изразување на етничкиот идентитет на сите граѓани на Република Македонија, како и заштита на независноста и територијалниот интегритет.

Ако се има предвид изјавата на Коѕијас дека се договорил со министерот за надворешни работи на Република Македонија за формирање комисија, која ќе ги отстрани сите иредентистички поими и референции од македонските учебници, се очекува Заев да потпише уште еден катастрофален договор како тој со Бугарија.

Претходно «
Следно »