Борисов си легна на брашното: Најави почеток на преговори за Македонија со ЕУ ако формира Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес Бојко Борисов даде сигнал дека ако се врати на власт ќе дозволи почеток на преговори на Македонија со Европската унија, истакна Стефан Тафров од Демократска Бугарија, пренесува Новини.бг .

Ова е шизофрено однесување, додава жестокиот политички опонент на Борисов. Кога беше на власт, зазеде позиција и сега вели: „Привремената влада и претседателот нема да ве пуштат во Европската унија“. Ова е апсолутно срамота – обид на неуспешен политичар да користи ваква важна тема за Бугарија за изборни цели. Ова може да предизвика само згрозеност и треба строго да се осуди во општеството, нагласи Тафров.

-Ќе имате многу средби денеска. Јас сум убеден, бидејќи ги познавам луѓето со кои ќе се сретнете, особено Радев, дека ќе ви кажат дека без парламент ништо не може да се направи. Сегашната службена влада ги има сите права и може да преговара со вас. Нов договор, ако нашиот не им се допаѓа. Но тие ќе избегаат од одговорност, како што секогаш прават. Истовремено ќе ги лажат евроатланските парнтери дека се за членство на Македонија во Европската унија“, изјави денеска Бојко Борисов по средбата со Зоран Заев.

Ваквата жестока реакција на бугарската опозиција упатува дека Бојко Борисов „легна на брашното“ по пировата победа на престојните избори и жестоката реакција на САД која беше поврзана со коруптивното однесување на Владата на Борисов.

Оние што се на власт мора да преземат решителна акција против корупцијата на сите нивоа во бугарското општество, за да покажат дека имаат сериозна желба да се справат со неказнивоста и митото, изјави амбасадорката на САД во Бугарија Херо Мустафа само пред неколку недели.

Канцеларијата за контрола на странски активи на Министерството за финансии на САД (OFAC) воведе санкции за тројца бугарски државјани кои важат за блиски до Борисов поради нивна голема улога во корупција во Бугарија, како и за нивните мрежи опфатени со 64 организации.

Свесни сме дека овие активности нема да го решат проблемот со корупцијата во земјата. Сепак, тие се знак за светот дека нема да се толерира употреба на државни институции за лична корист. Се надеваме дека тие ќе ја стимулираат Бугарија да ги спроведе потребните реформи за зајакнување на нејзините институции и конечно да се ослободи од штетното олигархиско влијание, изјави американската амбасадорка во Софија.

Двајца поранешни функционери во Државната агенција за Бугарите во странство, поранешниот претседател Петар Харалампиев, и државниот секретар Красимир Томов се најдоа на американската листа за санкции поради корупција и двајцата, инаку се кадри на ВМРО-БНД на Красиимир Каракачанов некогашниот коалиционен партнер на Борисов кој не успеа да добие пратеник на последните избори.

Омекнувањето на својата позиција Борисов го најави пред неколку дена кога на средба со претставници на партискиот подмладок и млади партиски кандидати за пратеници од Софија истакна дека само ГЕРБ може да го деблокира патот на Македонија кон ЕУ.

-Замислете си дека вие сте Македонци. И соседите, најблиските луѓе ви велат: ‘Нема да одите во Европската Унија. Нема да одите таму’. Дали ќе нѐ сакаат? И затоа се обидуваме со Зоран Заев, и со Стево Пендаровски, се разбира, да направиме така што работите ќе тргнат од долу нагоре. Да, историјата е исклучително важна. Но, оставете историчарите да си ја завршат работата, истакна Борисов.

Инфомакс неофицијално дознава дека како знак на добра волја, Заев прифатил Бугарите во Македонија заедно со другите помали етнички заедници како што се Хрватите да станат дел од Уставот.

Македонија прeд членството мора да го отвори Уставот и наш став е сите помалку бројни народи во нашата држава да бидат впишани, вклучително и бугарскиот и хрватскиот народ, изјави денес македонскиот премиер Зоран Заев.

Ова го истакна Зоран Заев по средбата со неговиот бугарски колега Стефан Јанев во Софија, одговарајќи на новинарско прашање.

–Македонија прeд членството мора да го отвори Уставот и наш став е сите помалку бројни народи во нашата држава да бидат впишани, вклучително и бугарскиот, хрватскиот народ не е впишан – имаме хрватска заедница и други заедници кои што ги немаме. Нашиот Устав е создаден 1991 година и тогаш покрај македонскиот, албанскиот народ, впишани се и Бошњаците и Србите, и Турците, и Власите и Ромите и вика и другите народи. Ако сакаме да бидеме земја членка на ЕУ треба да имаме европски устав во којшто по примерот на една Хрватска, на пример, ќе ги впишеме и другите народи – рече Заев на прес-конференцијата во Софија.

Latest News

Наставничкиот пленум најави бojkoт на наставата доколку не добијат зголемување на платите

Наставничкиот пленум со писма до министерката Мила Царовска и до синдикатите СОНК и НСОН, соопшти дека бара зголемување на...

More Articles Like This