БОРИС ДАМОВСКИ ПО ДОБИВАЊЕТО НА AMHECTИЈАТА: Кутри бевте, сте и ќе бидете, џуџести примати!

  • December 29, 2018

Борис Дамовски е еден од тројцата организатори на иницијативата „За заедничка Македонија“ кои беа амнестирани од Основниот суд Скопје 1. Покрај него, на слобода излегоа Богдан Илиевски и Владо Јовановски.

Не требаше долго, Дамовски на својот Фејсбук профил да упати порака, која е во шифри, но и лесно може да се прочита на чија адреса е упатена.

-Агресивните журналистички мармозетки, маскирани во медиумски загари хранети во јаслите на полит-енџиовските и кримо-тајкунските интереси, деновиве најпопалени околу новоговорната флоскула “говор на омраза”. Со закон сакаат да си ги покријат слабоумните продадени газиња од зраците на освестениот збор и реалната слобода на умот. Кутри бевте, сте и ќе бидете, џуџести примати.

Од четворицата организатори, само Игор Дурловски не сакаше да биде амнестиран и како што рече ќе продолжи да се бори и да ја докаже вистината.

Претходно «
Следно »