September 24, 2021, 8:20 pm

Борис Џонсон пoвтopнo вo изoлaциja – бил вo кoнтaкт co зapaзeниoт бpитански министep зa здpaвcтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак добија мерки за изолација поради контакт со министерот за здравство, Саџид Џавид, кој е заразен со коронавирус.

Британскиот министер за здравство, Џавид, вчера беше позитивен на коронавирус, а британската владина канцеларија денес објави дека премиерот Џонсон и министерот за финансии, Сунак, се во домашна изолација, бидејќи претходниот ден се сретнале со заразениот министер.

Џонсон седницата на влада ќе ја води онлајн за време на изолацијата.

Само два и пол часа порано, британската влада објави дека Џонсон и Сунак доброволно се согласиле на тестот и дека нема да одат во изолација поради контакт со заразениот и дека ова ќе биде пилот програма воведена за вакви случаи.

Одлуката за таа пилот програма беше повлечена откако опозицијата остро ја критикуваше таа одлука и ја обвини владата дека мерките на борба ги применува само на граѓаните и дека тие мерки не се однесуваат на високи функционери.

Џонсон, исто така, заврши во самоизолација во ноември минатата година, откако дозна дека еден од пратениците што го сретнал имал коронавирус. Тој помина три дена на интензивна нега во април 2020 година, бидејќи се зарази со ковид.

Latest News

Cилен зeмјотрес ја погoди Алјаска

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди градот Еидак во сојузната држава Алјаска, објави...

More Articles Like This