September 24, 2021, 7:40 pm

Бочварски имал план Б ако законот за американските автопати биде ocпopeн на Уставен cyд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како Влада секако дека имаме разработено варијанти во однос на отпочнување и изградба на коридорите 8 и 10 Д зашто нашиот приоритет, клучна или конечна цел е да имаме модерни и безбедни патишта. По кој принцип и на кој начин ќе се изградат е работа на Парламентот, Владата и сите останати институции, како и на Јавното претпријатие за државни патишта кое е задолжено за изградба и реконструкција на патиштата во државата и има најголеми капацитети и ресурси во овој дел.

Ова го посочи министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во одговор на прашањето дали постои план „Б“ по најавата на Антикорупциската комисија дека ќе го оспори Законот за изградба на автопатишта пред Уставниот суд, при денешната посета на Свети Николе.

-Не би сакал да навлегувам и немам право да навлегувам во однос на работата на Парламентот и на Уставниот суд заради тоа што сите имаат ингеренции во доменот во кој работат и функционираат. Не би сакал да ги коментирам сите овие најави. Секоја институција си има своја обврска, одговорност и ингеренција да работи во државата и не би ги коментирале нивните обврски и ингеренции, бидејќи Собранието е над Владата и ја бира Владата, рече Бочварски.

Како држава, потенцира, сме демократски поставено општество и Собранието си ги има своите надлежности.

-Парламентарните групи поднесоа закон кој беше усвоен, а коректорот на Собранието секако може да биде Уставниот суд кога би имало иницијатива да одлучува дали одреден закон кој е донесен ги содржи елементите за кои е оспоруван или не. Секако доколку овој закон стапи на сила, а веќе има најави дека ќе биде потпишан од претседателот на државата, ние ќе постапуваме по него, но секој кој што смета дека треба да покрене некоја инцијатива може да го направи тоа зашто ова е демократска држава, прецизира Бочварски.

Собранието неодамна едногласно го изгласа Законот за изградба на автопатишта со кој се предвидува амерканско-турскиот конзорциум „Бектел–Енка“ да ги гради автопатиштата Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Битола-Прилеп по принципот клуч на рака.

Latest News

(Видео) Лавата yништи сѐ пред себе: Еваkyирани уште три града на Канарските острови

Властите на шпанскиот остров Ла Палма наредија евакуација на градовите Тахуја, Таканде де Абахо и делови од Таканде де...

More Articles Like This