БОЈАН ВЕЉАНОВСКИ: Македонска ракометна надеж

  • December 4, 2018

Бојан Вељановски е можеби еден од најнадежните ракометари во земјата. Тој своите почетоци ги прави уште на осум години кога ги прави своите први чекори во светот на ракометот.

Од осум годишна возраст Бојан започнува со редовни тренинзи и натпревари во локалниот клуб од Аеродром кој го носи истото име.  Уште од најмалите категории тој покажува значителен успех и ефикасност што не останува незабележано од поголемите клубови, по што преминува во Р.К. Металург каде што успешно настапува на центарската бековска позиција со кого и ја освојува младинската лига во 2016 година.

Неговиот просек на голови по натпревар во дресот на Металург е 5-7 голови по натпревар. По неговиот тригоишен престој во клубот од Автокоманда, Вељановски се враќа во својот матичен клуб, Р.К. Аеродром кој успева да избори пласман во Првата Лигата оваа сезона.

Бојан Вељановски со само 16 години е редовен првотимец на Р.К. Аеродром и има просек од нешто повеќе од 5 голови по натпревар во Првата Лига за својот клуб.

 

 

Претходно «
Следно »