МАКЕДОНИЈА ИМА БРИЛИЈАНТНИ УМОВИ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ ГОРДЕЕ: Ана Марија Атанасовска освои второ место на Светскиот шампионат во Мајкрософт Офис во Њујорк

  • August 1, 2019

Младата Ана Марија Атанасовска освои второ место на светскиот Microsoft Office Specialist натпревар кој оваа година се одржа во Њујорк, САД. Таа се натпреваруваше во категоријата Microsoft PowerPoint 2013.

Во конкуренција со учесници од повеќе од 120 земји во светот, Ана Марија го освои највисокото место што досега го постигнал македонски претставник на натпреварот.

Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории поделени според програмите на Мајкрософт Офис – PowerPoint, Excel и Word.

Таа на крајот од мај беше избрана за национален претставник, по финалето на државниот натпревар кој се одржа во Скопје, а на кој учествуваа најдобрите 40 млади од речиси 700 пријавени лица.

Но, денеска во Њујорк беше и доделувањето на наградите од Adobe Certified Associate натпреварот. Како наш претставник беше Сара Мисајловска. Целта на овој натпревар беше да ги тестира вештините за дизајнирање на учесниците преку програмите Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign.

Сара Мисајловска

Натпреварот за Microsoft Office Specialist во нашата држава се одржува веќе четврти пат по ред, додека за Adobe Certified Associate е вторпат.

Идејата на овие натпревари е да се поттикне дигиталната писменост меѓу младите.

Организатори на националните турнири беа Certiadria, Семос Едукација и Стопанска банка, во соработка со Град Скопје.

Join us now for the 2019 #MOSWC Awards Ceremony!

Gepostet von Certiport am Dienstag, 30. Juli 2019

Претходно «
Следно »