БРАНКО ГО ИСКАРАЛЕ ВО ПАРТИЈА: Пратеникот од ДУИ кој бараше легализација на геј бракови, денес се извинува поради неговиот став!

  • July 4, 2017

Пратеникот на ДУИ Бранко Манојловски, кој низ солзи вчера бараше легализирање на истополовите бракови денес преку писмо се извинуваше до јавноста. Во писмо објавено од порталот на албански јазик Журнал, тој бараше прошка од граѓаните, за кои како што вели биле загрижени поради неговите ставови


Тој во писмото вели дкеа бил под импресии од дебатата која во моментов е актуелна во САД, и поради која сметал дека треба да ја води и неговата партија за да не ја загуби поддршката од Американската админстриција.

„Се извинувам за тоа што предизвикав вознемиреност и загриженост кај граѓаните и нашите гласачи. Мојот вчерашен говор на комисијата за политички систем е мој личен став во однос на дебатата која се развива во САД, каде што го поминав поголемиот дел од мојот живот. Но сум свесен дека ова однесување е спротивно на мојата партија, граѓани и гласачи. Затоа, на оваа тема во иднина ќе продолжам да ги поддржувам позициите на партијата“, напишал Манојловски.

Неговиот говор пак предизвика силна реакција од потпретседателот на СДС Мухамед Зекири кој со извадоци од Куранот ја проколнуваше ЛГБТ заедницата, од каде доби одговор дека бил фундаменталист и салафист, и дека всушност нивните заложби за проширување на правата на овие заедници во предизборната кампања биле само лага.

Претходно «
Следно »