БРАНКО НЕ СМЕЕ ДА ПИСНЕ: Црвенковски под закана од СЈО за „Надеж“ ако се обиде да му се вмеша на Заев во партија!

  • March 31, 2017

Бранко Црвенковски е фатен во тесно, и под закана од обвинение за аферата „Надеж“ доколку се обиде да ги коментира погубните политики на Заев, обелодени уредникот на Сител Драган Павловиќ – Латас во вчерашното гостување во емисијата „Јади Бурек“ на Јанко Илковски.

 

zoran-branko

– Има и за Бранко Црвенковски, постои случај во СЈО за т.н. афера „Надеж“ каде што тој мора да седи мирен, да ќути, да не му прави сопки на Заев во партија инаку ќе биде, до 30-ти јуни обвинет и ќе се тера случај. – вели Латас и додава – Бранко Црвенковски кој нема на крај да добие ниту сомневање ни обвинение бидејќи добро одработи досега за Заев, никаде не му се попречи, помага сега околу ДУИ, преговорите итн. Така да, тој својата невиност ќе ја одработи – објаснува Латас

 

Претходно «
Следно »