БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ, КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Ќе биде ли Бранкојавлението спас за СДСМ или уште поголем пораз!

  • February 4, 2019

По долги години политичка апстиненција и медиумски целибат, поранешниот лидер на СДСМ, екс премиер и екс претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски се појави во јавноста.

Откако го заврши својот последен политички ангажман како претседател на државата тој се повлече од јавноста и политичкиот живот.

Многу новинари и медиуми за политичките превирања и кризи се обидоа да стапат во контакт за ексклузивно да го пренесат неговото мислење и став, особено откако неговата матична партија ја превзема власта во декември 2016 година, а поголемиот дел од ставовите на партијата не кореспондираа со неговите додека тој беше лидер на партијта, односно на државата. Тоа ниту го намами, ниту натера да се појави во јавноста и медиумите за да го каже своето мислење и став.

До душа, имаше една изјава со половина уста дека наводно го поддржувал договорот од Преспа, но истата изјава беше пренесена без видео запис, со никаква потвда или пак демант.

Причината најверојатно беше за да не му наштети на залетот на неговата матична партија како и рејтингот на СДСМовската власт со оглед на тоа што сите го паметат говорот на Црвенковски во Обединетите Нации кога им соопшти дека „Нашето име е Република Македонија и секогаш ќе биде Република Македонија“.

Црвенковски не е калибар на политичар што ретерира или менува став, дури и ако не е во право. Позната е онаа неговата „народот е во право дури и кога греши“.

Како долгогодишен политичар многумина се сеќаваат на неговите погубни политики за кои без разлика на последиците и негативниот ефект, човекот едноставно не знае да се витка. Впрочем, токму таа ароганција и самоувереност го издигнаа како политичка икона, впрочем во својата партија беше познат и како „Папата“, но истите тие и го однесоа во политичка пензија.

Пред некој ден се случи Бранкојавление. По долга пауза, Бранко Црвенковски се појави во јавноста и тоа ни помалку ни повеќе како основач на политичко тело под името „Подгорички клуб“ чиј план на дејствување ќе биде посветен на воспоставување и унапредување на односите мегу државите на Западен Балкан и во афирмација на европските вредности.

На домашен план или поточно внатрепартиски, СДСМ е во криза со оглед на фактот што веќе трета недела не можат да се договорат и да излезат со претседателски кандидат кој ќе ги задоволи потребите на профилот кој имагинарно го креираа во јавноста.

Дополнителна тежина создава и фактот што идеалната коалиција почна да го напушта бродот, конкретно ДУИ од каде сите заеднички изјави за консензуален кандидат за претседател на крај пак се решија да се стуткаат во „Албанскиот двор“ само за да не остават простор БЕСА и Алијанса слободно да го работат.

Овој потег на ДУИ го остава СДСМ соголен пред ВМРО-ДПМНЕ, опоненет кој СДСМ веќе одамна се помири дека не може да го порази сам на избори без Албанците и странски фактор.

Агонијата на СДСМ продолжува, а времето тече. Спикерот на Собранието, Талат Џафери најави дека на осми фебруари ќе ги распише Претседателски избори, а тие се уште немаат ниту консензуален, ниту соодветен кандидат.

Единствен „консензуален“ кандидат кој има капацитет и основа да го повлече албанскиот електорат во своја полза е Зоран Заев, но токму тој од сопствено искуство знае како се одвиваше предвремената пензија на Црвенсковски откако го ослободи лидерското столче на Бихаќка и очигледно дека не е спремен на тоа.

Дали ова е знак дека Бранко Црвенсковски и неговото појавување токму во овој момент може да влева надеж и обеднивање во СДСМ особено откако партијата се соочува со огромно разочарување од политиките и третманот на членството од страна на Зоран Заев и секако лагите за Тиранската платформа која голем дел од функционерите и членството сеуште во неверување неможат да ја проголтаат.

Бранко за претседател на државата, кандидат на СДСМ кој ќе ги обедени сите крила во СДСМ и ќе го затскрие и залечи манипулативниот однос на Заев кон членството за сметка на албанските гласови?

Претходно «
Следно »