Бремената Билјана славеше развод во венчаница: На свадбата сменив три фустани, сега доста е еден

Поврзано

(Видео) НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Група астрономи открија диск галаксија стара 12,5 милијарди години

Група астрономи открија голема диск-галаксија, создадена пред 12,5 милијарди години. Имајќи предвид дека станува збор за најоддалечената галаксија од таков...

(Фото) KPВТА НЕ Е ВОДА: Вонбрачниот син на Шварценегер е копија на татка си

Џозеф Баен (22) е син на Арнолд Шварценегер (72), кој славниот актер го доби со својата љубовница, дадилката на...

ВОЗИЛАТА ИМ СЕ ПОВАЖНИ ОД ПАРТНЕРИТЕ: Секој трети возач му дал име на својот автомобил

Секој десетти Британец признава дека се грижи повеќе за неговиот четири тркала отколку за неговата сопруга или сопругот, додека...

Србинката Билјана Рупар од Ниш викендов го прославила 35-тиот роденден и разводот од бракот со веселба со 100 гости во една позната нишка кафеана. Специјално за таа пригода кафеаната била декорирана во црна и златна боја, а гостите добиле покани во црна боја со насликан череп.

Славеничката била во модерна бела венчаница, но сите гости, освен старосватицата биле облечен во црно, а црна боја биле и подароците и цвеќето кое го добила. До свечената сала, Рупар дошла преку црвен тепих, по кој имало посипано рози.

Билјана, која е архитект по занимање и сопственичка на успешен козметички салон, изјавила дека сака да прославува и оти за своите родендени секогаш поканува многу луѓе, па така и разводот од бракот сакала да го прослави на тој начин.

– Пријателка пред пет, шест месеци ми испрати фотографија од госпоѓа од Јагодина која го прославила разводот од бракот. И реков, доколку некогаш се разведувам ќе направам исто, само многу подобро. Тогаш не планирав развод, но бидејќи се случи тоа, се решив да го прославам, истакнала Рупар.

Таа изјавила дека одлучила да облече бела венчаница за прославата на разводот и дека таа и е доволно бидејќи на свадбената веселба носела три венчаници – сина, беж и црна. Со сопругот се развела спогодбено и останале во одлични односи.

– Разводот не е добар, но мојата порака до сите оние на кои ќе им се случи е дека не треба да очајуваат и да не бидат кукавици. Никогаш не се знае зошто е тоа добро, изјавила Рупар.

Таа додала дека со поранешниот сопруг четири години се обидувала да добие дете, но тоа не и успевало и покрај лечењето.

– Месец и пол после разводот останав бремена. Се решив да го задржам бебето и да бидам самохрана мајка. Сега сум во третиот месец од бременоста, изјавила Рупар.

Актуелно

Инфектологот Цана: Во просек сега имаме повеќе заразени отколку кога беше воведен полицискиот час

Доколку кривата со нови случаи продолжи со ова темпо во наредните денови, вкупниот број на заразени од Ковид-19 кај...

KOНЕЧНО ЌЕ МОЖЕМЕ КОГА САКАМЕ ДА СЕ ДВИЖИМЕ: Од денеска целосно се укинува полицискиот час

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена...

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на...

СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА ЗАРАЗАТА: 16 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

Повеќе вести