БРЗА ЛЕКЦИЈА ПО НОВИНАРСТВО И МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ: Стевчо Јакимовски во две минути ја објасни мигрантската криза која и се заканува на Македонија!

  • August 25, 2017

Дали вие знаете дека Маекдонија нема потпишано договор за реадмисија на мигрантите со соседна Грција, што ќе значи дека сите мигранти кои ќе се вратат од Германија, Австрија, Словенија, Хрватска и Србија ќе останат во Македонија – запраша вчера лидерот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски

 

Во серија прашања кои ги постави новинарот на телевизијата на кланот Заев „Тв24 Вести“, за тоа дали Јакимовски не смета дека неговите изјави по однос на тоа кој треба да ги згрижи мигрантите и бегалците од Сирија, Ирак и Либија се преостри, па дури според телевизијата и фашизоидни, добија одговор кој можат да го искористат и како лекција по новинарство и меѓународни односи.

„Колку се хумани треба да ги прашате оние што ги бомбардираат, нивните татковини. Пред се треба да упатите прашање до Соединетите Американски држави и Русија, тие си ги одмеруваат силите таму. Нехумани и фашизоидни се тие што ги бомбардираат земјите кои што си живееа мирно. И среќно живееа луѓето, за денес тие луѓе да се раселени од нивните домови“ – изјави Јакимовски и додава – кој ги бомбардирал тој да ги земе.

„А, за ваше потсетување јас сум човекот кој девет години згрижува бегалци од Босна и Херцеговина, и исто така седум години згрижува бегалци од Косово“ – објаснува Јакимовски.

На прашањето дека „Илјадници бегалци поминале низ нашата територија и не останаа, зошто мислите дека сега би останале?“, Јакимовски на недоволно информираниот новинар му одржа лекција по меѓународни односи и новинарство.

„Ако не сте знаеле постојат договори за реадмисија. Договорот за реадмисија значи бегалецот да се врати од таму од каде што дошол. Што значи дека од Германија ќе се враќаат во Австрија, од Австрија во Словенија или во Хрватска, од Хрватска во Србија и доаѓаат во Македонија. А, ние немаме потпишано договор за реадмисија со Грција што значи дека тие остануваат тука во Р.Македонија. Такви се светските правила“ – објасни Јакимовски.

Тој додава дека тоа сериозно ќе влијае на стандардот на Р.Македонија, и прашува зошто ние треба да бидеме тие кои ќе ги згрижуваат беглаците, а не оние кои ги бомбардираат па да ја покажат хуманоста на дело.

Претходно «
Следно »