Брзо се враќа пролетта: Подгответе се за 28 степени

  • March 12, 2019

Ако сте од оние кои уживаат во топлото време и сончевите денови, втората половина од вчерашниот ден веројатно ве разочара, а денешниот уште повеќе.
Но не очајувајте. Студеното време ќе се задржи само до петок. Веќе од викендот повторно ни се враќа пролетта.
Веќе во недела чекајте максимални над 20 степени во Скопје и над 23 низ Македонија.

Најтопло ќе биде во среда кога се најавуваат 25 во Скопје и до 28 во јужните делови на земјата.
Целата наредна недела ќе биде исклучително топла и сончева.

Претходно «
Следно »