December 9, 2021, 9:06 am

Британските лekapи eднoглacни: Пocтoи pизик дeкa co дoaѓaњe нa зимaтa ќe ce згoлeми пpитиcoкoт вpз бoлницитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Националната здравствена служба (НХС) соопшти дека е на работ на преоптовареност во многу делови на Велика Британија и дека ситуацијата само ќе се влошува со приближувањето на зимата.

Во последниоте 24 часа во земјата се регистрирани 43.738 нови случаи на коронавирус, што е најмногу во Европа.

Британскиот премиер Борис Џонсон ги укина речиси сите ограничувања воведени поради коронавирусот во земјата и најави дека се уште нема намера да воведе мерки, како што е задолжителното носење маски, како во голем дел од Европа, и ги нарекува „план Б“.

Но, лекарите изразија загриженост дека зголемувањето на бројот на хоспитализирани, во комбинација со притисокот врз НХС од сезонски вируси, може да ги доведе болниците во ситуација да не можат да се справат со долгите листи на чекање и да се оневозможи нормално функционирање.

Метју Тејлор, главниот извршен директор на Конфедерацијата на НХС, повика на воведување мерки од Планот Б, како што се носење маски и работа од дома, што ќе предизвика мала непријатност, а ќе помогне да се избегне криза. 

Latest News

Пендаровски ќе се обрати на пленарна сесија на Самитот за демократија во организација на американскиот претседател

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на пленарната сесија на Самитот за демократија што се одржува...

More Articles Like This