September 20, 2020, 6:55 pm

БРНЗ: Прелетот на авионите за добредојде во НАТО израз на нашата трајна поддршка

Поврзано

Потрошувачките кредити може да поскапат, се враќаат стeчаите: Престануваат да важат повеќе вонредни уредби

Повеќе уредби со законска сила кои беа донесени поради здравствената криза важат 90 дена по престанувањето на вонредната состојба....

Состојба по општини во Скопје

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини...

Состојба по градови, еве каде е нajкритично

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на eпидемијата изнесува 16735, бројката на оздравени пациенти е...
- Advertisement -

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Прелетот на американски воени авиони денеска над Скопје е израз на нашата трајна поддршка за Македонија како и гест преку кој што ви посакуваме добредојде како 30-та ченка на НАТО, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

-Денешниот прелет е израз на нашата трајна поддршка за Македонија како и гест преку кој што ви посакуваме добредојде како 30-та ченка на НАТО . Со право и точно е дека во изминатите неколку недели нашиот најголем фокус беше на заедничјата борба против Ковид 19, но не требна да дозволиме тоа да ги замагли историските достигнувања на земјата – влезот во НАТО и добивањето на зелено светло за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Ова беа аспирации на нашите две земји повеќе од две деценмии. И покрај тоа што во изминатиов период нашето внимание беше насочено кон борбата со пандемијата сепак, со овој предизвики се соочивме заедно како сојузници. Исто така САД навистина покажува со овој начин дека е тука и го поддржува НАТО сојузот и напшиот нов сојузник. Овој прелет кој што денеска го проследивме е симбол на фазата на продлабочувањето на нашето партнерство, рече Брнз која прелетот на воздухопловите на американското воено воздухопловство го проследи со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од два авиона на грчката воена авијација денеска извршија прелет над територијата на Република Македонија во чест на нашето членство во НАТО.

Американските авиони полетаа вчера од сојузната држава Јужна Дакота и имаа 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух. Авионите над нашата земја летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук.

Членството на Република Македонија во НАТО започна со широка поддршка од страна на сојузничките земји, која се покажа и при здравствената криза од коронавирусот со бројни донации во медицинска и заштитна опрема од страна на сојузниците. Како нова членка на НАТО, Република Македонија е опфатена и со програмата за воздушно патролирање која е ексклузивна само за членките на Алијансата и чија цел е заштита на небото на државите од НАТО.

Latest News

Тачи на средба со Ердоган во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го прими во палатата Вахдет во Истанбул претседателот на Приштина, Хашим Тачи, а...

По Косово, Гренел во вторник во посeта и на Србија

Специјалниот пратеник на претседателот на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, ќе пристигне во Белград во вторник, на 22 септември, пренесуваат...

(Видео) Ечеше македонската химна: Игор Стефановски Иџе победи на „Валелунга“

Игор Стефановски – Иџе запиша победа на патеката „Валелунга“ во рамки на ТЦР-шампионатот во Италија. Најдобриот македонски автомобилист стартуваше од седмата позиција, но на...

Потрошувачките кредити може да поскапат, се враќаат стeчаите: Престануваат да важат повеќе вонредни уредби

Повеќе уредби со законска сила кои беа донесени поради здравствената криза важат 90 дена по престанувањето на вонредната состојба. Последната вонредна состојба заврши на...

СДСМ и нејзините коалициони партнери можеби зaбopавиле, но опoзицијата не зaборава за ветеното, неcтореното, а излaжаното

Септември поминува а од третиот пакет на мерки за подршка на стопанството од страна на влатада „ни ал, ни абер“. СДСМ и нејзините коалициони...

More Articles Like This