Брнз: Kopyпциjaтa e вaш нajгoлeм пpeдизвик, нe caмo штo гo пoткoпyвa влaдeeњeтo, тyкy и ги caбoтиpa мoжнocтитe нa млaдитe вo иднинa

Поврзано

- Advertisement -

Грантот од 8,3 милиони долари е наменет за три област – зајакнување на економската конкурентност, намалување на корупцијата и зголемување на младинското учество во општествените текови во земјава.

Со 8,3 милиони долари, американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) ќе помогне за зајакнување на економската конкурентност, да се намали корупцијата и да се зголеми младинското учество во општествените текови во земјава.

За таа цел, денеска во Скопје министерот за финансии Фатмир Бесими и претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски, потпишаа Договор за грант за партнерство за развој меѓу двете земји.

Во него тие се обврзуваат заеднички да соработуваат за остварување на овие три клучни цели, а водечката улога ќе ја има Владата.

Потпишувањето на денешниот договор е потврда за долгорочното партнерство со САД, а трите клучни развојни цели соодветствуваат со програмата на Владата и целите зацртани во Стратегијата за зајакнување на економијата, забрзан и одржлив економски развој, рече министерот Бесими.

Трите приоритети во договорот се избрани преку широк консултативен процес и се базираат на области кои ќе имаат најдолг позитивен ефект.

Вашиот најголем предизвик е корупцијата, една од најголемите ваши потреби е економскиот раст и стабилност, а ваша најголема надеж се младите. Корупцијата не само што го поткопува владеењето, туку ја саботира и економската конкурентност и можностите на младите во иднина, порача американската амбасадорка Кејт Брнз.

Поради тоа, според претставникот на УСАИД, на корупцијата ќе ѝ биде посветено најголемо внимание.

Тоа може да се постигне со јакнење на институциите и работа со граѓанските организации, значи да се зголемат и очекувањата на граѓаните и граѓанските организации за отчетност и транспарентност. Ова е суштински проблем, не само во Македонија туку и во други земји во светот. Ќе продолжиме да соработуваме на ова поле, порача Јаноски.

Latest News

Студија на Лансет: Индискиот сој е нajопaceн и зapaзен

Британските лекари го идентификуваа индискиот сој на новиот коронавирус како најопасен и заразен, покажува студијата објавена во „Лансет“. Специјалисти анализираа...

More Articles Like This