БРОЈОТ НА ЗAРАЗЕНИ НАДМИНА 100 000: Чиле станува ново жариште во Јужна Амeрика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на заразени со коронавирус во Чиле надмина 100.000, покажуваат денеска податоците од универзитетот Џон Хопкинс.

Повеќе од 1.100 луѓе починале во таа јужноамериканска земја.

Поголемиот дел од областа околу главниот град Сантијаго веќе неколку недели е ставена во кaрантин за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера предупреди дека пaндемијата во Јужна Америка сè уште не го достигнала својот врв.

Покрај Чиле, Бразил, Перу и Мексико имаат голем број заразени лица, според СЗО.

Во овие земји има голем притисок врз здравствените системи. Во Чиле, група лекари предупредуваа пред неколку дена за големиот притисок врз болниците, зашто скоро сите кревети во единиците за интензивна нега се зафатени.

Latest News

Коронавирусот премина и на дивечот

– Научниците открија дека Ковид-19 од луѓето преминал на диви елени во некои делови на Соединетите Американски Држави. Тие...

More Articles Like This