БРОЈОТ НА ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТИТЕ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА: Луѓето се ослободени и информирани, реално е да очекуваме зголемување на масовноста!

  • March 30, 2017

Не само што нема да опадне бројот на протестите, многу е реално за очекување да се зголемува бројот на луѓе. Ослободени се и информирани луѓето, вели политичкиот аналитичар Александар Пандов во емисија „Ѕид“ на Алфа телевизија.

aleksandar-pandov-1

-Притисокот кој го имаше Македонија и македонскиот народ во минатите години, ова е резултат. Мора да се отфрли онаа Тиранска платформа. Главен „окидач“ за покренување на луѓето на улица е токму таа. Прифаќањето на таа Тиранска платформа од страна на Зоран Заев и СДСМ и како платформа која е основа за формирање на идна влада се причината, вели Пандов.

Тој додава дека кажано и јасно е дека како основен услов за давање на потписи за мандат да добие Заев била токму таа Тиранска платформа, односно нејзиното прифаќање.

-Прифаќањето на тиранската платформа значи дека Македонија нема да постои таква каква што ја имаме денес. Имплементацијата на платформата би значело менување од корен на Македонија, додава аналитичарот Пандов.

Претходно «
Следно »