БРОЈ ЕДЕН ПРОБЛЕМ ВО МАКЕДОНИЈА Е ИСЕЛУВАЊЕТО: 80 проценти од младите сакаат да си заминат од државата, тоа е катастрофа!

  • February 10, 2019

Никола Груевски вели дека во моментов невработеноста во Македонија опаѓа како инерција на претходната работа на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се како резултат на иселувањето од Македонија. Иселување забележува тој имало и претходно, но со доаѓањето на Заев на власт е 3 до 5 пати поголемо од претходно. Во разговор со професор на факултет во Македонија вели Груевски, му било посочено дека на 80 проценти од студентите во Македонија во моментов сакаат да ја напуштат државата. Ние истакнува тој можеме да останеме држава без народ или држава на пензионери поради значително зголемената стапка на иселување. 

Тој целосно го демантираше тврдењето на СДСМ дека додека ВМРО-ДПМНЕ било на власт се иселите неверојатни 600 илјади граѓани.

Тоа беше бројка на обедините нации од 1951 година па до 2015 година дека таа бројка се спомнуваше. Далеку од тоа дека 600 илјади луѓе се иселиле. Тоа беше сулудо. Гледам уште го зборат тоа, играат на карта стопати повоторена лага станува вистина. И веројатно го потценуваат населението дека нема да провери, нема да следи итн.

Иселувањето вели тој е број еден проблем во Македонија, кој ниту ЕУ, ниту НАТО нема да ни го решат. Според него голем број граѓани се иселуваат не поради економски прашање, туку поради општата ситуација во државата, прогони, неправди, се наместено, се под некаква контрола, постојано под стрес, врендостите се изопачени, нормалното стана ненормално, ненормалното нормално. Луѓето заминуваат поради тоа што не им се живее во една ваква земја каква што е  сега Република Македонија. 

 

(ПРВ ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

(ПРВ ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

Gepostet von infomax.mk am Sonntag, 10. Februar 2019

 

Претходно «
Следно »