БРУТАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА МВР: Оливер Спасовски ја злоупотребува полицијата за партиски потреби!

Поврзано

(Видео) Не ја менувајте земјата, сменете ја влacтa

Кандидатот за пратеник во изборната единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на својата фејсбук страница сподели видео обраќање во...

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе инвестира во спортистите

Се обврзуваме на развој на ловот и риболовот. Ова е гранка која опфаќа голем број граѓани кои се занимаваат...

СДСМ и нивниот технички министер Оливер Спасовски, кој инаку е и носител на опозициската листа во втората изборна единица повеќе од очигледно е дека едно зборуваат, а сосема друго прават на терен. Овој пример е еклатантен доказ за партиска злупотреба на институциите со кои раководи СДСМ.

stajkovci-1-640x360

Техничкиот министер Спасовски, кој постојано говори за некаква департизација на институциите, одвојување на партијата од државата и најавува најстроги казни за секој полицаец кој ќе бил вклучен во кампањата, во пракса го спроведува токму спортивно, а непобитен доказ за тоа се токму овие фотографии.

stajkovci-2

Имено, Спасовски и неговиот тим денеска го посетија Стајковци, што е сосема легитимно бидејќи Македонија е во екот на предизборната кампања. Сепак, наместо партиски возила, во Стајковци можеа да се забележат службени возила на министерството со кое раководи Спасовски, што значи дека човекот кој постојано говори за некаква департизација, всушност ги злоупотребува возилата на институцијата со која раководи за партиски цели.

stajkovci-3
Кога самиот собир е во прашање, посетата на Спасовски имала исклучително слаб одзив, што се должи пред се на антидржавните политики на Заев за рекомпонирање на државата, кое според експертската јавност е вовед во федерализација и поделба на Македонија.

Последниот пример со злоупотребата на полициски возила е само уште еден во низата кои покажуваат и потврдуваат за партизацијата која генералниот секретар на СДСМ ја спроведува во МВР. Дека Спасовски едно зборува, а сосема друго прави потврдува и тоа што само еден ден откако изјави дека секој полицаец што ќе учествувал во изборната кампања ќе бил најстрого казнет, полициски службеници го придружуваат Спасовски на неговите средби со граѓаните.

Имено, на следните фотографии можат да се забележат полициските службеници Љупчо Ј. и Сашо Т. Останува да видиме дали Спасовски ќе ги казни нив како што самиот најави?!

trite

dvata

edennn

Актуелно

(Видео) Нов блам на Заев, го нaпаѓа Макрон пред пранкери кои се претставија како Грета Тунберг и нејзиниот татко

Зоран Заев стана мета на нов меѓународен блам овој пат на пранкери кои се преставија како активистката против климатските...

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Гевгелија

Xристијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, оствари средба со жителите на Гевгелија. Следете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2791515140954941

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Богданци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со жителите на Богданци. проследете те го неговото обраќање во живо. https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/388385615456126

(Видео) Следете во живо: Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Богданци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес ја посети општина Богданци. Тој на средбата со граѓаните од оваа општина и им ја претстави програмата со која...

Зaконoт за потекло на имотот ќе биде донесен, тој што не може да го докаже потеклото на истиот ќе се кoнфиcкувa и кpивичнo ќе...

Тоа што ние го ветуваме и на што се обврзуваме е дека ќе донесеме закон со кој ќе се провери имотната состојба на сите...

Повеќе вести