БРИТАНЦИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ СЛАДОЛЕД: Брзаат да ги наполнат магацините пред да излезат од ЕУ!

  • February 1, 2019

Британско-холандскиот производител на производи за широка потрошувачка „Унилевер“ објави дека ги зголемува залихите на сладоледи „Магнум“ и „Бен енд Џери“ пред најавениот излез на Велика Британија од Европската Унија.

Извршниот директор на „Унилевер“, Алан Џоп, изјавил дека фирмата има големи залихи во случај да дојде до прекин на каналите за снабдување. Фабриката на „Унилевер“ во Лидс снабдува сладоледи за речиси цела Европа.

„Создадовме залихи на двете страни од каналот Ла Манш“, рекол Јоп.

„Доколку бевме во бизнисот за дизајн, можеби ќе имавме дополнителни можности и стратегии. Но, ние не сме во таков бизнис, имаме стока која бара брз транспорт и една од работите кои ги научивме е дека создадените залихи, може да завршат како погрешна мешавина“, додаде Џоп.

Британската компанија се надева дека стоката нема да заврши во магацини на царината, пишува Би-би-си.

Многу европски компании, исто така, имаат создадено залихи на стока пред договорoт за брегзит, меѓу кои и германскиот производител на автомобилски делови Роберт Бош, францускиот моден бренд Моет Хенеси Луј Витон, како и швајцарскиот производител на лекови Новартис.

Претходно «
Следно »